
PREPARE ПРОЕКТ
PREPARE PROJECT има за цел да го максимизира влијанието и придонесот на алтернативни или други еквивалентни институции за образование на возрасни лица во Турција, Австрија, Бугарија, Грција и Шпанија.
Рано напуштање на училиштето е критично прашање за индивидите и општествата во целина, обично поврзано со нискоквалификувано вработување или невработеност и социјална исклученост.
И покрај клучната улога на информатичките и комуникациските технологии (ИКТ) и социјалните медиуми во процесот на барање работа, возрасни лица кои рано ја напуштаат школата и кои имаат ниски квалификации, често не ја разбираат целосно важноста на нивните онлајн активности за нивната професионална кариера. Исто така, повеќето професионални или алтернативни образовни програми за невработени возрасни лица ретко се фокусираат на развој на силен онлајн професионален идентитет.