На 20 февруари 2024 година, првиот од двата информативни денови предвидени во рамките на Еразмус проектот „ПРИПЕР“ беше организиран во Кочани од страна на партнерите во проектот, Општина Кочани и Еко Логик.

Настанот насловен „Одржлив ИСТОК – На еко патување ни

з Источна Македонија“ собра мла

ди, претставници од општината, локалната туристичка индустрија, организации и активисти кои работат во областа на животната средина, одржливиот туризам, вклучително и едукатори. Настанот го отвори градоначалникот на Кочани, г-дин Љупчо Папазов, кој накратко го претстави проектот и посветеноста на Кочани во промовирање зелен и одржлив туризам, а особено вработување на младите во зелениот сектор. Понатаму, клучни локални фигури како

претставници на локални туристички бизниси, организации, медиуми итн. зборуваа на различни теми поврзани со потенцијалот на индустријата за вработување, потребата од градење на капацитети за зелени

вештини итн.

На настанот присуствуваа повеќе од 60 луѓе.