Во пресрет на завршувањето на проектот PRepare, тимот од Северна Македонија – Еко Логик и Општина Кочани – ќе организира финален Инфо ден кој ќе се одржи во октомври 2025 година во Кочани.

Настанот ќе биде посветен на промоција на резултатите, постигнувањата и влијанието што проектот ги има остварено на локално ниво. Ќе бидат поканети млади луѓе, претставници од општините, наставници, експерти од туристичкиот сектор и граѓански организации кои работат на теми поврзани со одржлив туризам и едукација.

Во изминатиот период, тимот од Северна Македонија спроведе бројни активности:

  • истражување за потребите и можностите за развој на зелени вештини,
  • ко-креативна работилница со локални чинители,
  • развој на програма за обука и е-платформа за онлајн учење,
  • пилот тестирање, едукативни работилници, како и неколку инфо денови за подигнување на свеста за одржлив туризам.

Досега, повеќе од 100 учесници од целата држава беа директно вклучени во активностите на проектот, од кои младите и општинските службеници се издвојуваат како најактивни групи. Проектот придонесе за зголемена свесност за одржлив туризам, но и за зголемен интерес за онлајн учење и дигитални алатки во областа на туризмот.

Инфо денот ќе биде можност да се споделат искуства, да се претстават добрите практики и да се оддаде признание за ангажманот на сите учесници.

Како завршна активност, тимот од Северна Македонија ќе учествува и на финалниот партнерски состанок и завршна конференција што ќе се одржат во Ушак, Турција во ноември 2025 година, заедно со партнерите од Турција, Италија, Грција и Северна Македонија.