На почетокот на јуни 2025 година, македонските партнери на проектот PRepare – Еко Логик и Општина Кочани – организираа едукативни работилници посветени на темата одржлив туризам. Настаните се одржаа во Кочани и имаа за цел да ги зајакнат капацитетите на локалните чинители, меѓу кои млади, наставници и општински службеници, за промоција и развој на одржливи туристички практики на локално ниво.

Учесниците, меѓу кои најбројни беа младите од Кочани, се запознаа со онлајн програмата за е-учење за одржлив туризам, која во текот на изминатите месеци беше развиена во рамки на Erasmus+ проектот PRepare. Преку интерактивна презентација и отворена дискусија, се разгледаа клучни аспекти на секторот туризам, можностите за зелени работни места, како и важноста од иницијативи базирани на одржлив развој на заедницата.